Во пристаништето во Бургас откриен шверц на цигари во вредност од над 2,5 милиони евра

by fokus

Во пристаништето Бургас, денеска, бугарските цариници запленија шверцувани цигари во вредност од над пет милиони лева ( 2,5 милиона евра) и притоа приведоа цариници. Како што јави дописникот на МИА од Софија, шверцувани биле 651.000 пакувања цигари, што биле пронајдени во контејнер натоварен на траект од Грузија за Унгарија.

Стоката е пронајдена по рендгенски преглед од страна на царинското разузнавање во Бургас.

Отворена е предистражна постапка за криумчарење стока за комерцијални цели од голем обем.

Стоката низ Бугарија минувала во транзит. Ова е најголемо количество на запленети шверцувани цигари од почетокот на годинава во Бугарија.

-За време на физичкиот преглед, пронајдена е плута. Декларираната стока-ролни од хартија, се наоѓале во задниот дел од контејнерот и покривале многу мал дел. Целиот друг дел бил наполнет со цигари, или над 650.000 кутии, коментираше заменик директорот на Генералниот директорат за царинско разузнавање и истраги, Тихомир Каменов.

Поврзани новости