Петличковски: Единствено логично објаснување за реинфекција е доколку станува збор за нов сој на вирусот

by fokus

 Д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија во вечерашното гостување на телевизија Телма истакна дека реинфекциите со корона вирус се многу ретки и доколку дојде до тоа, единствено логично објаснување е дека станува збор за нов сој на вирусот.

-Нема бројка на антитела под која треба да се прими вакцина или над која не треба да се прими вакцина. Има луѓе кои имаат антитела немирливи, над сто. Има луѓе кои имаат антитела 2, па со вакцината стигнуваат над 100.
Кај реинфекциите, светски прифатено е дека тие се многу ретки. Позитивен тест во ноември, па позитивен во март не е доказ дека се работи за реинфекција. Единствено логично објаснување е дека сега е заразен со нов сој кој е способен да го избегне тој создаден имунитет. Но, при тоа второ заразување ќе биде со многу поблаги симптоми, бидејќи имунитетот е скроен најдобро да одговори на тој сој, но исто така одговора и на други соеви. Исто е и со вакцините, вели Петличковски.

Поврзани новости