Во Прилеп има 950 активни случаи на корона вирус, ќе се зголеми бројот на тестирања

by Fokus

Веќе осум месеци трае борбата во Македонија со корона вирусот, а денеска ќе се дискутира за евентуално воведување на рестриктивни мерки во земјава.

Состојбата во Прилеп со Ковид-19 е лоша и во моментов има 950 активни инфицирани лица од новата опасна зараза, која се појави пред една година.

Како што велат од ЦЈЗ Прилеп, изворите на зараза се главно во семејствата и работните средини. Со зголемувањето  на бројот на термини за тестирање, како и воведувањето на брзите тестови, кои од пред два дена се прават во Здравствениот дом, ќе се зголеми бројот на тестирања.

Од Центарот додаваат дека тоа е важно за рано откривање на новозаразените, нивно изолирање, навремено добивање на соодветен третман, како и детектирање и изолирање на нивните контакти, што е од особена важност за ограничување на  ширењето на вирусот.

Бројот на хоспитализирани во одделенијата на прилепската болница се движи околу 100 (оваа бројка секојдневно се менува во зависност од бројот на исписи и нови приеми).

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости