Во пензија три години порано

by Фокус

Можност за пензионирање три години пред старостната граница од 62 години за жените и 64 години за мажите, предвидуваат законските измени што моментално се во фаза на подготовка, пишува весникот Дневник.

Всушност, товарот за исплата на надоместокот за трите години до пензија не треба да падне на товар на државата туку на работодавците, кои на тој начин можат да го подмладат кадарот, а поисплатливо би им било постарите работници да им исплаќаат пензија отколку плата, иако тие практично нема да работат.

Ваквата иницијатива наводно доаѓала од бизнисмените, а Фондот за пензиско и инвалидско осигурување веќе врши пресметки колку би изнесувала висината на надоместокот за пензија за оние што сакаат да се пензионираат три години порано.

Поврзани новости