МАНУ: Чинот на прислушување е тежок удар врз граѓанските права и слободи

by Фокус 14:00
14:00

Македонската академија на науките и уметностите го оцени чинот на прислушување како тежок удар врз слободите и правата на граѓаните, особено врз нивното право на приватност и неповредливост на слободата на комуницирање.

„Самиот факт дека се непосредно загрозени граѓанските слободи и права укажува на сериозноста која ваквите дејства ја имаат врз безбедноста, стабилноста и врз интегритетот не само на секој граѓанин туку и на општеството во целина“, стои во соопштението на МАНУ.

- Advertisements -

Од таму очекуваат сите одговорни субјекти и институции да ги преземат своите законски овластувања и мерки за надминување на создадената состојба.

Поврзани новости