Галерија: Во Парламентот се врши увид за настанатите штети, се чека да пристигне и јавен обвинител

by Fokus 11:41
11:41

Сите приоди до Собранието, каде вчера поголема група на граѓани упаднаа, напаѓајќи ги пратениците на новото парламентарно мнозинство на чело со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се блокирани од страна на полицијата.

Од Службите за обезбедување на Собранието ни објаснија дека моментално доаѓаат екипи, кои треба да извршат увид на настанатите штети, а се очекува да пристигне и Јавен обвинител.

- Advertisements -

– Додека тоа не заврши, новинари не пуштаме – рече припадник на МВР, што обезбедува еден од влезовите на Законодавниот дом.

Истовремено, пред парламентарната зграда поставени се неколку шатори, каде се сместени десетина граѓани, од кои дел носат мајци со името на Тодор Александров.

Паралелно со тоа, со организиран автобуски превоз пристигнуваат луѓе од внатрешноста на државата, поради што припадниците на безбедносните сили го ограничуваат слободното движење на граѓаните, притоа велејќи дека е за нивна безбедност.

„Фокус“ забележа дека дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ влегуваат во Парламентот, додека дел од нив заминуваат со сопствени возила.

В.С.

Поврзани новости