Во основно имале само „петки“, а одвај минале приемен за средно

by Фокус

Во гимназијата „Орце Николов“ оваа учебна година се спроведуваше квалификационен, приемен испит поради поголемиот број на пријавени ученици со сите петки.

Резултатите од тестирањето беа фрапанти, со оглед дека мал број од тестираните покажале одличен успех.

Притоа, голем дел покажале слаб успех, иако во основно имале само петки.

Имено, одличен успех (над 129 бода, т.е. над 76 отсто) имаат покажано само 11 ученици, односно само 3,76 отсто од тестираните.

Многу добар успех (од 107 до 129 бода, т.е. од 63 до 76 отсто) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36 отсто од тестираните.

Добар успех (од 67 до 106 бода, т.е. од 39 до 63 отсто) имаат покажно 133 ученици, односно 45,55 отсто од тестираните.

Доволен успех (од 45 до 66 бода, т.е. од 26 до 39 отсто) имаат покажно 70 ученици, односно 23,97 отсто од тестираните.

Недоволен успех (под 45 бода, т.е. под 26 отсто) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36 отсто од тестираните.

Поврзани новости