Бугарија да дозволи Северна Македонија да започне преговори, вели Шолц

by Fokus

Германија очекува Бугарија да донесе правилна одлука на утрешниот самит ЕУ-Западен Балкан и да дозволи Северна Македонија и Албанија да започнат преговори со ЕУ.

Ова го изјавил германскиот канцелар Олаф Шолц за време на своето обраќање во Бундестагот.

Шолц во дел од својот говор за проширувањето на ЕУ, се фокусирал на Северна Македонија, за која изјавил дека го сменила името, го решила историскиот спор со Грција, но Бугарија продолжува да ја блокира користејќи историски спорови за одлуките што ги носи, пренесува „Вијести.ба“.

Тој нагласува дека претстојниот самит на европските лидери нема да биде лесен, но дека Германија сака да каже дека е на страната на земјите од Западен Балкан.

Тој повтори дека Германија ја поддржува кандидатурата на Украина и Молдавија во ЕУ и додаде дека се надева оти Грузија наскоро ќе тргне по тој пат.

Поврзани новости