Од понеделник учениците на пролетен распуст, наставата продолжува на 7ми мај

by Fokus

Учениците од основните и средните училишта од понеделник (29 април) до 6 мај ќе бидат на пролетен распуст.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што учебната година за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците како и до сега, на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори.

Еден ден претходно, (7 мај), скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Поврзани новости