„Дивје Јагоде“ снимија нова балада и открија дека ќе настапат на Пивофест во Прилеп

by fokus

„,Zašto ranije nisi došla“ е насловот на вториот сингл на „Дивље јагоде“, кој ќе се најде на претстојниот студиски албум кој е во подготовка. Овој пат се работи за рок балада отпеана во препознатлив стил од Тони Јанковиќ, а текстот и музиката се на Зеле Липовача.

-Искрено, тешко ми е да предвидам колку време ќе биде потребно за оваа песна да биде препознаена како многу други балади што Тони ги отпеал досега, но верувам дека оваа необична балада наскоро би можела да биде рамо до рамо со песни како „Једина моја”, „Како си топла и мила“, „Криво је море“ – вели Зеле.

Песната е снимена во студиото „Шишмиш“ со микс и мастеринг на Зоран Швигир – Швигија, а доби и лирикс-видео, создадено од тимот на Кроација Рекордс.

„Zašto ranije nisi došla“ го најавува новиот албум на Јагоде, планиран да излезе до крајот на оваа година, по што ќе следи и голем концерт во Скопје.

Во меѓувреме, меѓу многубројните летни свирки ,,Дивље јагоде” откриваат дека ќе настапат и на Пиво-фест во Прилеп, кој годинава ќе се одржи во периодот од 14-ти до 17-ти јули.

Вики Клинчарова

Поврзани новости