Во меморијалниот центар АСНОМ – Пелинце се отвори ликовната колонија „Куманово 2017“

by fokus

Во меморијалниот центар АСНОМ – Пелинце, денеска се отвори ликовната колонија „Куманово 2017“. На колонијата учествуваат осумнаесет уметници од Македонија, Франција, Романија, Србија и претставници од збратимениот град Чорлу од Турција.

Колонијата ја организира Општина Куманово и НУ Музеј Куманово, а ќе трае до 22 август, кога и ќе биде свеченото затварање.

Претседателот на советот на општина Куманово, Александар Арсиќ, придружуван од дел од младите на СДММ изврши посета на оваа колонија која се одржува по четириесет и трети пат. Арсиќ е професор во средното државно училиште Киро Бурназ во Куманово, но и еден од кандидатите за градоначалник на претстојните локални избори.

Поврзани новости