Во јули закажано рочиште за „Ликвидација“, повторно ќе му се суди на новинарот Кежаровски

by fokus

Откако неодамна Врховниот суд ги укина пресудите за случајот „Ликвидација“ и предметот го врати на повторно судење, од Крвичниот суд информираат дека првото рочиште ќе се оддржи на 2 јули.

-Заради зголемен интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека предметот со КОК бр. 38/19 во јавноста познат како „Ликвидација“ кој со решение на Врховниот суд на РСМ е вратен на повторно судење во Кривичниот суд е насрочен за 02.07.2019 година во 10:00 часот, информираат од Кривичниот суд.

Овој предмет сега ќе го води судијата Осман Шабани.

Ова значи дека на обвинителна клупа повторно ќе седне новинарот Томислав Кежаровски кој беше осуден на 4,5 години казна затвор, а потоа Апелација му ја намали казната на две години.

Кежаровски во 2013 година беше осуден за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“ во текст во списанието „Репортер 92“, со што според судот му го загрозил животот. Кежаровски помина пет месеци во притвор, во истражниот затвор „Скопје“, а потоа беше во домашен притвор.

Обвинението за овој случај го застапуваше обвинителката лиле Стефанова, но бидејќи таа сега е дел од тимот на СЈО, предметот ќе го превземе друг обвинител од Обвинистеството за организиран криминал и корупција. ЗНМ неодамна побара од обвинителството да го повлече обвинението против Кежаровски, но од таму засега нема такви најави.

Во овој случај осудени на правосилни казни беа и обвинетите:

  •  Иле Танев,  единствена казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци.
  •  Валентин Зафиров, казна затвор од 2 години и 6 месеци.
  •  Ивица Ефремов, единствена казна затвор од 3 години.
  •  Борис Николовски, условна казна од 1 година затвор, која нема да се изврши доколку тој во следните 3 години не стори ново кривично дело.
  •  Сашо Лазаревски, условна казна од 1 година затвор која нема да се изврши доколку тој во следните 3 години не стори ново кривично дело.

Поврзани новости