Во Хрватска починаа рекорден број на заразени од Ковид-19

by fokus

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 1.413 нови случаи на Ковид-19. Со тоа бројот на активни случаи во оваа земја изнесува 11.311 лица, извести Националниот тим за цивилна заштита.

Од нив 897 лица се на болничко лекување, а на респиратор се 57 лица.

Во последните 24 часа починаа 18 лица, што е највисока бројка на дневно ниво од почетокот на епидемијата.

Во самоизолација во моментов во Хрватска се наоѓаат 27.720 лица. Во последните 24 часа биле направени 8.185 тестирања

Поврзани новости