Судењето за „ТНТ“ се одлага за 4 ноември, бидејќи Јанакиески е во изолација

by fokus

Утрешното рочиште за случајот „ТНТ“ се одлага, бидејќи еден од обвинетите, Миле Јанакиески, е во домашна изолација, поради контакт со заразен од Ковид-19.

– До Судот е доставено известување од обвинетиот М.Ј., според кое, истиот со решение на здравствените власти е задолжен со домашна изолација заради контакт со заразен од вирусот КОВИД-19, се наведува во сопштениет на Кривичниот суд.

Поради ова, Судот ја одлага утрешната расправа за предметот „ТНТ“ и следното продолжение го закажува 4 ноември во 10:00 часот.

Случајот „ТНТ“ се однесува за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски.

За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на екс премиерот Никола Груевски

Поврзани новости