Во Франција старосната граница за самостојно возење е намалена на 17 години

by Fokus

Во 2024 година, француската влада ќе ја намали старосната граница за самостојно возење на 17, наместо досегашните 18, изјави денеска премиерката Елизабет Бурн.

Од јануари 2024 година ќе може да се аплицира за возачка дозвола на возраст од 17 години, како што беше досега, но возачите веднаш ќе можат сами да возат, додека сега тоа е можно од 18 години, рече премиерот, додавајќи дека од оваа мерка ќе имаат корист младите кои ќе одат да вежбаат и да го продолжат своето образование.

Помошта од 500 евра што им се дава на младите над 18 години за финансирање на возачка дозвола, ќе биде доделена и на учениците од средните стручни училишта.

Повеќе здруженија изразија незадоволство од објавувањето на ваквата одлука, бидејќи најмногу сообраќајни несреќи се случуваат кај млади луѓе на возраст од 18 до 24 години.

Спротивно е од она што треба да се направи за да се преполови бројот на загинати на патиштата до 2030 година“, велат од здружението кое се залага за намалување на сообраќајните незгоди.

Поврзани новости