Сончево и топло, со умерена облачност

by Fokus

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, предвидуваат синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Индексот на УВ зрачењето ќе биде 8.

Минималните температури ќе се движат од 9 до 18 степени, а максималните од 25 до 35 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Поврзани новости