Во едната куќа тепал жена, другата ја опљачкал

by Fokus

Шеесет и тригодишен скопјанец пријавил физичко малтретирање и грабеж, информираа од МВР.

Според полицијата, на 10.03.2018 година во 18,00 часот Љ.К.(63) од Скопје, пријавил дека околу 17,00 часот во соседната куќа кај лицето Ц.В. слушнал викање и кога отишол да види за што се работи од куќата избегало лицето Н.Ѓ.. Сосетката му кажала дека Н.Ѓ. физички ја малтретирал при што сторителот искористувајќи го отсуството на Љ.К., кој ја оставил вратата од неговата куќа отклучена, влегол внатре и одземал чанта во која имало паричник со 1.000 денари и лични документи.

Се работи на расчистување на случајот.

Поврзани новости