615
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 610 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.
На инфективните оддели во главниот град и во земјава се лекуваат вкупно 1022 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 40 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болни, а во Куманово 95 пациенти.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 70, во Гостивар 52, а во Струга 36 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 53 пациент, во Кочани 18 во Кичево 18, Кавадарци 30, во Гевгелија 14 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.