Уште четворица мртви извлечени од под урнатините, расте бројот на жртви во Хрватска

by fokus

Расте бројот на загинати по силниот земјотрес што на пладне ги погоди хрватските градови Сисак и Петриња. Во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтер освен дванаесетгодишното девојче во Петриња од под рушевините во Глина извлечени биле уште четри мртви тела.

Оваа информација ја потврди градоначалникот на Глина за ХРТ и рече дека се трага по уште исчезнати.

Бројот на повредени е голем, но засега нема точна бројка. Според последните информации најмалку 20 лица се повредени во Петриња, од кои две лица се тешко повредени, а 18 се полесно повредени.

Градоначалникот на Петриња Даринко Думбович ја спореди состојбата во градот со Хирошима.

Поврзани новости