Во близина на неготинско село е пронајдена кавадарчанката по која се трагаше

by Fokus

Жената од Кавадарци, која беше пријавена за исчезната во вторникот, по еден ден потрага е пронајдена во неготинското село Тремник.

Како што информираат од СВР Велес, 40-годишната А.М. Кавадарци се оддалечила од домот на нејзините родители во село Сопот на 19-ти март, а сопругот пријавил во кавадаречката полиција истиот ден, околу 19.30 часот, по што започнала потрагата по неа, бидејќи се работело за лице со здравствени проблеми.

Денес од СВР Велес известија дека кавадарчанката е пронајдена.

– На 20.03.2024 во 18.00 часот во близина на село Тремник, неготинско, била пронајдена А.М.(40) од Кавадарци за која на 19.03.2024 во ОВР Кавадарци нејзиниот сопруг Б.М.(51) од Кавадарци пријави дека се оддалечила од домот на нејзините родители од село Сопот, кавадаречко, истакнаа од СВР Велес.

Вики Клинчарова

Поврзани новости