Во авионот од Индонезија имало 62 лица, веројатно се урнал во морето

by Fokus

Во авионот од Индонезија кој исчезна кратко по полетувањето имало 62 лица, а првичните информации од спасувачките екипи кажуваат дека тој се урнал во морето каде се пронајдени сомнителни остатоци од „Боинг 737“.

Министерот за транспорт на Индонезија, Буди Карија, одржа и вонредна прес-конференција на која соопшти дека од 62 лица во авионот, 12 биле дел од екипажот.

„Боингот 737“ е стар 27 години, а е во сопственост на индонезиската авиокомпанија „Сривиџаја ер“. Полетал од главниот град Џакарта, а крајна дестинација му бил Понтијанак во провинцијата Западен Калимантан.

Како што е познато од претходно, сигналот со авионот се изгубил една минута по полетувањето, додека бил на надморска височина од околу 3 километри.

Претходно и сведоци за „Би-би-си“ изјавија дека пронашле остатоци кои наликуваат на делови од авион.

 

Поврзани новости