Стевановиќ: Да не очекуваме дека со магично стапче Kовид-19 ќе исчезне

by Fokus

Не треба да се опуштаме во почитување на мерките, а треба да се биде и крајно внимателен во однос на прогнозите што се даваат во врска со ковид-19, предупредува директорката на Инфективната клиника во Скопје, д-р Милена Стевановиќ, во нејзиното денешно гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

-Едно е сигурно, дека бројките што ги известуваме се апсолутни од првиот пациент влезен во државата како позитивен. Има многу логичен тек на бројки, падови и порасти. Тоа не можам да го гарантирам за бројките од регионот, но кај нас текот е логичен. Пандемијата не може да се спореди со ништо што сме искусиле до денес, јас белиот мантил го носам 25 години и сум била лекар во повеќе различни епидемии. Треба да се биде сериозно внимателен во однос на прогнозите што се даваат и да не очекуваме дека со некое магично стапче ова ќе исчезне, вели Стевановиќ.

Таа смета дека уште долго ќе има пациенти кои ќе се лекуваат од ковид-19 и затоа треба да се реорганизираат медицинските капацитети што, според неа, секако се планира.

Поврзани новости