Во 21 век, студенти во Скопје се борат за топла вода, надлежните им порачаа да користат дополнителни грејни тела

by Fokus

Група студенти од „Стив Наумов“ во Скопје, попладнево се собра на мирен протест пред студентскиот дом. Причината за овој собир е незадоволството на студентите од условите – немањето на топла вода и парно греење.

Ова не е првпат да се случува ваков проблем, а често пати се случува студентите низ повеќето студентски домови да реагираат поради лошата исхрана. Од друга страна, од Државен студентски дом „Скопје“ најавија брзо решавање на проблемот.

„Државниот студентски дом “Скопје”-Скопје ја информира јавноста дека веќе интевенираше за итно решавање на проблемот со снабдувањето на топлинска енергија и топла вода во студентскиот дом „Стив Наумов“. Имено, проблемот е настанат како резултат на задоцнетата интевенција и поправка пред почетокот на грејната сезона на снабдувачот на топлинска енергија, фирмата „БЕГ“. По реакцијата компанијата вети дека итно ќе ги отстрани проблемите во најбрз рок. Од комапнијата информираа дека веќе работат и од каде уверуваат дека до најдоцна четврток ќе се реши проблемот. До тогаш, ги информираме студентите дека може слободно да користат дополнителни грејни тела на струја“, се вели во соопштението на ДСД „Скопје“.

Фотографија: Фејсбук

Поврзани новости