Вмровска демократија: Побараа реформи, добија разрешувања

by fokus 19:16
19:16

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои во петокот ја презентираа својата иницијатива и барања за статутарни реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ, се разрешени од позициите кои ги имаа во паријата.

Еден од иницијаторите, Александар Стојчевски, на својот Фејсбук профил објави дека  разрешени претседателот на Општинскиот комитет Центар, потпретседателот на Општинскиот комитет Аеродром, а има и жесток притисок врз членовите на ВМРО-ДПМНЕ, поддржувачи на иницијативата преку уцени и закани да се исклучат од Фејсбук групата.

- Advertisements -

Тој уште пишува дека ова покажува го покажува недемократскиот капацитет на ВМРО-ДПМНЕ и додава дека тие не се плашат.

Поврзани новости