СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО, а само ја изолираше

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години за да ги придвижи интеграциските процеси и да работи на полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ која побара Заев да ја внесе Македонија во ЕУ И НАТО.

Но спротивно од тоа, ВМРО-ДПМНЕ со години работеше на изолација на Македонија и спротивно на државните и интересите на граѓаните, ги кочеше евро-атланстките интеграции. Членството во ЕУ и НАТО е клучен стратешки приоритет на Република Македонија. Владата предводена од СДСМ има за цел да ги отпочне преговорите за членство што е можно побрзо. Македонија предолго е земја кандидат за членство во НАТО и ЕУ и крајно време е овој процес да се придвижи нанапред. Владата предводена од СДСМ посветено ќе работи на отворање на евро-атлантските перспективи преку отворен дијалог со опозицијата, стручната јавност и граѓанското општество. Затоа, неопходно е сите, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ, да се однесуваат конструктивно, да дадат поддршка на интегративните политики и активно да работат за целосна интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, што е врвен државен и граѓански интерес, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости