Градоначалникот на Дојран не ја потпиша одлуката за референдум за „Казандол“

by fokus

Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов не ја потпиша одлуката за референдум за рудникот „Казандол“ и со тоа истата нема да може да биде објавена во Службен весник, пренесува А1Он. Иако граѓаните посакуваат референдум, а Советот на општина Дојран едногласно ја поддржа граѓанската иницијатива за одржување на референдум за рудникот за бакар, со потегот на Стамов не може да има референдум во Дојран.

Опозицијата во општината го обвини за подмолни игри и најавува дека во понеделник одлуката за референдум повторно ќе биде ставена на дневен ред, а ќе бараат и одговори зошто истата не ја потпишал градоначалникот и за какви интереси се работи кои се поголеми од волјата на граѓаните.

-Локалните избори не се далеку, па еве ви уште еден аргумент за кого ќе го дадете гласот“, се обратија советниците од општината откако дознаа дека Стамов не ја потпишал одлуката.

Поврзани новости