ВМРО прашува како полициски белешки стигнуваат во рацете на Шилегов

by Фокус

Петре Шилегов кога веќе не постигна ништо како градоначалник ја презема улогата портпарол на МВР, како казни стигнале до него, прашуваат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Колкава е казната која ќе ја плати возачот кој возеше по велосипедската патека? Дали тоа не се прениско 50 евра или 3000 денари за возење по велосипедска патека и тротоар? Каде на казната пишува дека се одзема возилото, тоа никаде не може да се забележи од документите кои се објавени. Како полициски белешки стигаат до градоначалникот на Скопје?“, прашуваат од ДПМНЕ.

Шилегов вчера објави дека лицето кое се снимаше како вози по вело патеката на бул. 8-ми Септември од хотел Александар Палас кон Илинденска, а снимката се појави на социјалните мрежи, доби парична казна и привремено му е одземено возилото.

Поврзани новости