Спасовски: Доволно е да се знае дека имаме акционен план за празничната ноќ

by Фокус

За време на новогодишните празници и за Нова година, секаде и во секој момент ќе имаме полициски служби кои ќе проверуваат дали се почитуваат одлуките за заштита од ковид-19, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Имаме акционен план за празничната ноќ, кој ѝ е потребен на полицијата и тоа е доволно што треба да се знае. Секој кој нема да ги почитува мерките, ќе се соочи со кривична пријава затоа што се нарушува здравјето на граѓаните – рече Спасовски, кој со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска присуствуваа на отворањето на стрелиште за потребите на специјалните единици на МВР и Армијата.

Спасовски додаде дека вчера била растурена приватна забава во викендица во скопското село Волково и дека се приведени 29 лица.

Поврзани новости