ВМРО-ДПМНЕ: Животот во судот дојде само за Заев

by Fokus

Денеска по којзнае кој пат судот го одложи рочиштето во кое што премиерот Зоран Заев се товари за кривичното дело „Поткуп“. Ова го гледаме веќе три години. Не може да се одржи рочиште за обвинение во кое првиот човек на владата бара мито од 200.000 евра, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку е така се поставува прашањето зошто некој ја влече за нос јавноста и глуми неселективна правда, закажувајќи рочишта во денови кога се знае дека ќе бидат одложени? Зошто едноставно не го прашаат обвинетиот Зоран Заев дали сака и кога сака да биде суден? Изгледа смешно, но македонското судство е навистина паднато на вакви гранки. Зоран Заев, мртов ладен на новинарите им вели дека е разочаран од сервилноста на судиите и обвинителите, кои се тепале да му служат, но сепак не му пречи кога ги одложуваат неговите рочишта и кога одработуваат за него. Животот дојде и во судовите, но само за Заев – истакна Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости