ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците знаат дека само ние се грижиме за нив

by fokus 20:14
20:14

Единствено ВМРО-ДПМНЕ се грижи за земјоделците и за подобрување на нивниот стандард, одговараат од ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ зошто уште не се исплатени субвенциите за земјоделците.

-За разлика од СДС, кој за време на неговото владеење имаше издвоено нула евра за субвенции, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ како субвенции на земјоделците им се доделени преку една милијарда евра. Земјоделците знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стори сè за да ја надмине деструктивноста на СДС, со што нивниот труд ќе биде соодветно валоризиран, односно ќе ги добијат заслужените субвенции. Пари во буџетот за субвенции има. Истите се програмирани и треба да бидат исплатени, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -

Од партијата додаваат дека грижата на СДСМ кон земјоделците била лицемерна.

Поврзани новости