САД фрлија бомба долга девет метри врз Исламската држава

by fokus 20:20
20:20

Пентагон денеска соопшти дека американските сили во Авганистан ја фрлија најголемата ненуклеарна бомба врз цели на Исламската држава (ИД) во Авганистан.

Станува збор за бомбата наречена „бомба мајка на сите бомби“, долга девет метри, а тестирана во 2003 година. Ова е првпат таа да биде употребена во војна, а во себе содржи 11 тони експлозив.

- Advertisements -

-Ги таргетиравме тунелите и пештерите кои слободно ги користеа џихадистите од ИСИС, потенцира Шон Спајсер од Белата куќа.

 

Поврзани новости