ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака избори на кои наместо гласовите ќе се бројат заболени и починати

by Fokus

Во Хрватска која има двојно повеќе жители од Република Македонија вчера беа регистирани само два случаи на новозаразени, a во Македонија 19. Во Хрватска која има двојно повеќе жители вчера немаше ниту еден починат, а во Македонија четири. Словенија пак има регистрирано само еден заболен и еден починат од опасниот коронавирус. Тоа е 20 пати повисок број на заболени, а Заев и Филипче тврдат дека сме безбедни и може да одиме на избори, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со планот на Заев за брзи избори тој уште еднаш ја потврди омразата кон сопствениот народ, народ кој го навредуваше и пцуеше, народ на кој му донесе само порази. Заев сака избори на кои наместо гласовите ќе се бројат заболени и починати. состојбата во Македонија со коронавирусот од ден во ден се влошува, реалноста денес е полоша и од март кога впрочем беше прогласена вонредната состојба. Состојбата е алармантна имајќи ги во предвид официјалните статистички податоци дека во изминатите 5 дена во Македонија се регистрирани 118 заболени, а починати се 14 лица. Уште повеќе загрижува е тоа што бројот на тестирани наместо од ден во ден да е се поголем тој се намалува, велат од опозицијата.

Според нив, додека власта се фали со успешно справување со корона кризата во Македонија фактите говорат за тоа дека Македонија е на прво место во регионот по смртност на милион жители и по бројот на заразени, истовремено Македонија бележи најмал број на тестирани на милион жители.

-Зоран Заев уште еднаш покажа и докажа дека политичката кариера му е поважна од здравјето на граѓаните, дури и по цена на човечки жртви. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи корона избори. цела Македонија го виде вистинското лице на Зоран Заев и казната од граѓаните ќе го стигне порано или подоцна. Заев и СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори само за да го ублажат поразот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи нивните штетните политики кога и да се одржат изборите, но интересот на граѓаните и на државата ни се пред се. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости