ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже кој му се заканувал

by fokus 18:41
18:41

Премиерот Зоран Заев јавно да каже од кого добива закани и колку се истите реални, побара денеска ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако не го стори тоа, тогаш сите негови изјави во тој правец се резултат на неговата желба да привлече внимание по секоја цена, во отсуство на реални проекти и достигнувања, во ситуација кога имаме зголемување на акцизи за нафта, зголемување на цените на паркингот, и кога се зголемуваат општите трошоци за живот на граѓаните, велат од опозицијата.

Според нив, изјавата изгледа како несериозен и невешт обид да се дефокусира вниманието на јавноста од реалните проблеми.

 

Поврзани новости