Влада: Премиерот Заев заканите за атентат никогаш не ги поврза со Русија

by fokus

Во интервјуто за црногорскиот медиум, претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во ниту еден момент не ги доведува укажувањата за ликвидација кон него во каква било релација со Руската Федерација, реагира македонската Влада на денешните реакции на Министерството за надворешни работи на Русија и на руската амбасада во Скопје.

-Изјавата на претседателот на Владата на Република Македонија за црногорскиот медиум се темели на искуствата од регионот и реакциите на Руската Федерација при зачленувањето на други земји од регионот во НАТО алијансата. Стратешка определба и интерес на Република Македонија e членството во НАТО алијансата и во Европската Унија. Во исто време, Владата на Република Македонија е сериозно посветена и кон градење пријателски односи и соработка со Руската Федерација на принципиелно демократско ниво, се вели во реакцијата на Владата.

Поврзани новости