ВМРО-ДПМНЕ: Во Охрид моравме да ги поправаме штетите од претходниот градоначалник

by Фокус 18:49
18:49

-Во изминативе 28 месеци, градоначалникот Никола Бакрачески и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ  работеа  на  надминување на последиците од криминалните и штетни дејствија што во општината ги остави СДСМ и претходниот градоначалник Александар Петрески за што и одговара пред органите на власта. Минативе 28 месеци Власта на ВМРО –ДПМНЕ преку официјални ревизорски извештаи констатира долг од фантастични 50 милиони евра што на општината и Јавните претпријатија им ги остави раководството на СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид на денешната пресконференција на ОО СДСМ Охрид.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека и покрај тоа што морале да ги санираат штетите кој ги оставил претходниот градоначалник, сепак локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ за изминатите 28 месеци успеало да реализира „она што ретко која локална самоуправа во вакви неверојатни околности може да успее: 129 во  целост завршени проекти и 58 проекти кои се во тек“.

- Advertisements -

-Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, донесе нов урбанистички план за локацијата за која што е предвидена градба на автобуска станица, ги прибави сите согласности од надлежните институции, спроведе транспарентна постапка согласно законот и обезбеди инвеститор на работите кој во наредните 2 до 4 години треба комплетно да ја изгради автобуската станица, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости