Две момчиња претепани кај Мавровка, едното завршило на интензивна

by Фокус

Две момчиња вчера еден час пред полноќ биле претепани пред трговскиот центар Мавровка, јавува телевизија Телма. Со двете момчиња биле и три девојки и уште едно момче, но тие успеале да побегнат.

Групата насилници без причина ги нападнала момчињата, кои ги спасил таксист. Кога напаѓачите виделе дека тој излегува од возилото за да ги одбрани момчињата, тие се разбегале. Таксистот го однел едното од момчињата во болница и ја известил мајка му. Момчето прво било примено на интензивна, а потоа било префрлено во шок соба.

Другото момче, кое исто така имало сериозни повреди, успеало само да побегне и отишло дома. Потоа, со неговиот татко отишло во болница, каде поради сериозноста на повредите било префрлено на Клиника.

Поврзани новости