ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев става во притвор актери, режисери, уметници само затоа што си ја сакаат државата

by Fokus

Власта предводена од Зоран Заев ги стави во своја служба правосудните органи и преку нив врши политички прогон на неистомислениците, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Судовите се под страшен притисок, не судат врз база на аргументи туку по диктат на власта. По налог на хунтата на власт монтира случај за тероризам против македонски патриоти и луѓе кои дале и даваат свој придонес во општеството. Судот неосновано става во притвор актери, режисери, уметници, лекари, пратеници и полицајци само затоа што си ја сакаат државата и не се согласуваат со политиките на власта и Зоран Заев” – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости