Бошковски: Дали Груевски ги продаде своите четири стана за мојата одбрана во Хаг, кои можеби ги купил кога мене ме гаѓаа во Карпалак

by Fokus

Мора да се искорени груевизмот од државата зашто последиците се страшни, рече лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски на отворањето на новиот штаб во Кичево.

„Тоа време македонско оставило траг врз психата на народот. Тие денеска поставуваат прашања од типот како јас не сум бил коректен кон Груевски, кјој ме извадил од хашките зандани. Што треба јас да бидам. Зарем требаше јас да бидам нивни полтрон? Тој десет години владееше со Македонија и како тие пари за мојата одбрана да ги зел од сопствениот буџет, а не од буџетот на Македонија. Изгледа Груевски ги купил оние четири стана кога мене ме гаѓаа кај Карпалак, Вејце, па подоцна ги продал за мојата одбрана – истакна Бошковски од Кичево.

 

 

 

 

Поврзани новости