ВМРО-ДПМНЕ: Владата со потрошени 320 милиони можеше да изгради 1000 полициски станици

by Fokus 10:14
10:14

Најновите критики на опозицијата за наводно неправилното трошење на буџетските пари одат на сметка на владата за недоволното вложување во полицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека претходната власт изградила полициска станица во Јегуновце за 300.000 евра.

– За изминативе три месеци СДС од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии расипнички потроши над 320 милиони евра. Со овие пари СДС можеше да изгради нови 1000 полициски станици од овој тип. Парите ги поделија по нечии џебови, а не изградија ниту една полициска станица во која што полициските службеници би имале попристојни услови за работа, се вели во соопштението.

- Advertising -

Од партијата велат дека парите за граѓаните и безбедноста се кратат, а Шекеринска си набавува лешници во вредност од 5000 евра и државата продолжува да се задолжува.

Поврзани новости