ВМРО-ДПМНЕ: Вице Заев е дел од структурите штo уценуваа и им се закануваа на пратениците

by Фокус

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека немаат намера да се извинат за обвинувањето дека братот на премиерот Зоран Заев – Вице Заев се здружил со поранешниот вмровски функционер Сашо Мијалков со цел да убедат опозициски пратеници да ја поддржат иницијативата за уставни измени.

„Непобитен факт е дека Вице Заев е дел од структурите кои вршеа притисок, уцени и закани врз пратеници за да гласаат „ЗА“ уставните измени, водејќи се од лични и лукративни интереси за него и неговото семејство. Тоа е единственото што знаат да го прават. Такви се тие „успешни бизнисмени“. Вистината и правдата ќе дојде на виделина и ќе дојде време за тоа. Нема никакво извинување за криминалниот картел на власта, а судството кое е целосно диригирано од Заеви каде неправдата „цвета како пупка“ истото тоа кое го ослободува братот на Вице, Зоран Заев од очигледни криминали каде постојат видеа за поткуп, во овој момент не може да испорача правда. Иако ќе дојде набргу време и тоа да се промени“, стои во партиската реакција.

Претходно, Вице Заев побара извинување од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, истакнувајќи дека нема никаква врска со Мијалков, ниту дека се соодветни споредбите меѓу нив двајца.

Поврзани новости