Костадинов: Дали тоа што бил советник за енергетика на носителот на криминалот Никола Груевски, му помогнало на антизападниот пион Мицкоски?

by fokus

Антизападниот пион Христијан Мицкоски пред јавноста треба да одговори како компаниите во кои тој има удел, од Владата на Никола Груевски добил согласност за изградба на хидроцентрали и закуп на земјишта за мали хидроцентрали?, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

„Дали тоа што бил советник за енергетика на носителот на криминалот Никола Груевски, му помогнало на антизападниот пион Мицкоски?

Очигледно има причини поради кои Мицкоски посветено ги следи погубните, криминални политики на неговиот ментор Груевски, а преку кои нанесува штета на државните и национални интереси.

Очигледно Мицкоски е дел од криминалите на Груевски и затоа по секоја цена тој и раководството на партијата се обидуваат да ја закочат иднината на Македонија и да ја вратат во изолација и неизвесност.

Ова е уште една причина преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да не ги следат овие антизападни и криминални политики на Груевски и Мицкоски и да се приклучат на процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО“, додаде пратеникот на владејачката партија.

Поврзани новости