ВМРО-ДПМНЕ: Уште колку ОЈО ќе биде слепо и глуво за наводите за Курто Дудуш?

by fokus

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска реагираат за случајот со градоначалникот Курто Дудуш кој според аудио снимката што беше објавена на порталите, наводно затворил едно лице во својата канцеларија и го тепал.

-Пет дена поминаа, а во Јавното обвинителство никако да стигне гласот за аудио снимката во која постојат наводи дека градоначалникот на СДСМ, Курто Дудуш во својот градоначалнички кабинет бесправно лишил од слобода, измачувал, тепал и навредувал граѓанин. Патем во Јавното обвинителство два дена се уште не виделе дека полицијата предводена од Оливер Спасовски го забошотува случајот, односно поднесената пријава само ден подоцна, кој знае под какви притисоци, била преквалификувана во обична поплака по која МВР нема обврска да делува. Уште колку долго Обвинителството при уши ќе се прави глуво и при очи слепо?, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Поврзани новости