ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски не е способен да организира миење на службено возило на МВР

by fokus 11:16
11:16

Додека ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на создавање на подобра иднина за сите граѓани на Република Македонија, министерот Оливер Спасовски, држи празни прес-конференции со кои на граѓаните им ја покажува сопствената неспособност за чување и одржување на државниот имот, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Оливер Спасовски го надмина и својот шеф Зоран Заев и пред цела јавност покажа дека не е способен да организира миење на службено возило на МВР, со кое се возат највисоки странски делегации. Затоа наместо настапи на кои ќе промовира некоја реформа или успешна акција, Спасовски излегува со манипулации.

- Advertisements -

Тоа е разликата меѓу СДС и ВМРО. Приоритет за ВМРО е подобрување на стандардот на граѓаните, а за СДС да дефокусира од ветувањата што ги даде за избори. Колкава е штетата од неодговорноста на СДС може само да се претпостави, како што може да се претпостават и мотивите на Спасовски и Заев да не го одржуваат возилото во кое се превезуваат странски делегации, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата и порачуваат на СДСМ да излезе од, како што велат, од антиреформскиот филм, зошто веќе не биле опозиција, па како власт имаат одговорност да реализира проекти од полза на граѓаните.

-Граѓаните немаат никаква полза ако СДС бега од темата невработеност и ако ги игнорира постигнатите резултати, одбивајќи да понуди нови решенија во насока на подобрување на состојбите. Граѓаните од СДС очекуваат минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари.

СДС треба да им каже на граѓаните до каде се новите 500 километри автопат кои им ги вети.

Граѓаните се во исчекување Заев да им исплати по 30.000 денари со поврат на 15% од потрошеното ДДВ, што беше едно од носечките ветувања во програмата на СДС“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозицијата.

Поврзани новости