ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски деградира специјалци кои учествуваа во „Диво Насеље“ и „Планинска бура“

by fokus

Без никаков респект и без никаква оправдана причина, министерот Оливер Спасовски се пресметува со припадници на специјалните единици, обвинуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Се делат решенија на десетици припадници на Единицата за специјални задачи „Тигар” и припадници на Единицата за брзо распоредување кои учествувале во акциите во Диво Насеље и „Планинска бура”, но и низа други успешни полициски операции. Професионалците кои при насилните протести за случајот „Монструм” ги штитеа судовите и другите институции сега се предмет на деградирање и шиканирање. Надвор од законот и од системот на кариера, на овие обучени професионалци им се нудат решенија за пониски работни места и позиции за кои и не се неопходни нивните вештини. Доколку не прифатат, според информациите кои ги имаме следуваат закани со откази за нив. Дел од специјалците се префрлаат и со наредба на несоодветни места. Со ваквите потези, власта на СДСМ сериозно ја загрозува борбената готовност и капацитетот на полициските специјални единици, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека не се во прашање никакви стандарди туку единствено задоволување на барањата на коалициските партнери и полнење на елитните единици по партиски клуч.

Поврзани новости