498
Помина еден месец откако СДС насилно изведе сценарио за избор на претседател на Собранието флагрантно кршејќи го Уставот и деловникот за работа, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Собранието се уште нема никаква активност која би била барем обид за излез од кризата во државата. Фактот дека и по еден месец од изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, во истото нема никаква активност и фактот дека СДС се уште ги кочи клучните и неминовни процеси во државата, како одржувањето на редовните локални избори, покажува дека СДС, очигледно, со намера го изведе сценариото од 27-ми април, за дополнително продлабочување на кризата – се наведува во партиското соопштение.