ВМРО-ДПМНЕ: Со 320 милиони евра можеа да се изградат 45 детски клиники низ Македонија

by Fokus

Изградбата на детската болница „Козле” чинеше 7 милиони евра. Со 320 милиони евра расипнички потрошени народни пари, неспособната влада на СДС можеше да изгради дури 45 детски клиники низ градовите и да ги опреми детските болниците со најсовремена здравствена опрема, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС расипнички ги истроши парите, а не е изградена, ниту реновирана ниедна клиника. Отворањето на повеќе нови детските клиники, дополнително ќе го зголемеше и квалитетот на здравствените услуги во Република Македонија. Вртоглавата сума од 320 милиони евра кои СДС ги расфрли за луксузирања, опремувања на кабинети со цвеќиња,набавка на апетисани и службени патувања во странство, можеше да ги употреби на реални проекти од кои сите ќе имаа бенефит и ќе се зголемеше на стандардот на граѓаните – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости