ВМРО-ДПМНЕ: СЈО стана филијала на СДСМ

by Фокус

За повеќе од една година, Катица Јанева потроши околу 4 милиони евра, а не направи ниту еден чекор со кој ќе ја увери јавноста во својата професионалност, објективност и непристрасност, туку единствено се претвори во филијала на СДСМ, соопштија утрово од ВМРО-ДПМНЕ, откако обвинителството го обвини кривичниот суд дека ја опструира неговата работа.

„СЈО покажуваше интерес и иницијатива само кога требаше да се спасуваат од одговорност, криминалци како аболицираниот Зоран Заев или да се реализираат партиско-политичките нарачани и фабрикувани случаи. Јанева во СЈО си го вработи сопствениот внук, но и голем број роднини на другите колеги од обвинителството. Јанева ги вработи послушниците на Заев, а им плаќаше огромни суми на пари на самопрогласените експерти и вештаци кои зборуваат како што аболицираниот Заев мисли, односно како што тој ќе им дозволи да кажат“, стои во соопштението.

Поврзани новости