СДСМ: Здравството тоне поради лажните реформи на власта во заминување

by Фокус

Воведениот „Мој термин“ во здравството и другите лажни реформи на власта во заминување им го отежнаа лекувањето на луѓето, поради што се итно потребни промени за заштита на здравјето на граѓаните, велат од СДСМ.

„Најрелевантното рангирање на здравствените системи за Европската комисија, Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), го потврди она што граѓаните го чувствуваат врз своето здравје. Тоа е дека добиваат се полоши здравствени услуги, поради нефункционален здравствен систем. Македонија на оваа ЕХЦИ скала паднала за 4 места подолу во 2016 година во однос на 2014 година“, посочуваат социјалдемократите.

Поврзани новости