Груевски, сепак, прифатил двојазичност

by fokus

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се согласиле со скоро сите барања од албанската платформа, меѓу кои е и официјализирањето на албанскиот јазик, но преговорите пропаднале поради неусогласеност околу продолжувањето на мандатот на СЈО.

Ова го изјави вечерва портпаролот на партијата, Бујар Османи во интервју за Телма.

-Сакам да кажам дека во историјата на РМ првпат немаме никаква разлика со ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за етничките прашања. Ако досега целата дилема беше околу членот 5 од Уставот дали употребата на албанскиот јазик е на локално ниво или на ниво на целата држава, ви кажувам дека немаме разлика по етничките прашања. Тоа е доволна порака дека со двете македонски партии сме во фаза да немама разлики. Ова е големо достигнување во македонско- албанските односи кое само треба да се материјализира, изјави Османи.

Тој рече ДУИ ќе му даде потписи на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за да добие мандат за состав на нова влада, но само ако претходно докаже дека ќе обезбеди мнозинство за тоа.

Вели дека целата процедура може да трае до недоглед бидејќи во моментов нема рок до кога треба да се донесат потписи за мандат, а ако има мандат тогаш рокот е само 20 дена.

Поврзани новости