ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов делел субвенции за инвертер-клими по партиски клуч

by Fokus

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје обвинува дека градоначалникот Шилегов делел субвенции за инвертер-клими по партиски клуч. ОД партијата велат дека вакви субвенции биле доделени на граѓани кои не ги исполнуваат условите.

-Од увидот кој го направи Советничката група во документацијата на делени субвенции, но и од дојави од граѓани видовме дека се делени субвенции на жители во строгиот центар на градот на улица Македонија, Народен фронт, Никола Кљусев и околните улици, иако тоа се улици и региони каде жителите користат парно греење, а не греење на дрва, а запоставени се жители од Ѓорче Петров, Драчево, Лисиче и други делови на Скопје, каде жителите користат греење на дрва, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата обвинуваат и дека целата постапка се води нетранспарентно и непрофесионално, а од институциите бараат да реагираат по нивните наводи.

-Го прашуваме Шилегов зошто на одредени граѓани им се барани потврди од БЕГ, а на други изјави на Нотар дека не се приклучени на мрежата на БЕГ? Кој се дрзнал да го заобиколув законот? Имаме сомнение дека не е постапено и согласно Законот за заштита на лични податоци и зошто досега на ниту еден апликант не му е побарана да даде изјава за согласност за обработка на лични податоци? се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости